Каква мајка таква ќерка

11 декември 2015

Честопати се коментира како принцезата Дајана е модна инспирација на Кејт Мидлтон. Но, „Дејли мејл“ се осврнаа на сличноста на Војвотката од Кембриџ со нејзината мајка Керол – и физички и модно. Тоа и не е некое изненадување, со оглед на тоа дека се мајка и ќерка, но сепак од магазинот одлучија тоа визуелно да го претстават.

Тие одат кај ист фризер, одбираат многу слична облека, дури и накит. Изразот на лицето во одредени ситуации им е сосема ист, како и поставеноста на рацете и телото. Исто така, често можете да ги видите на спортски натпревари.

 

Објавено:
11 декември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.420 пати