Канада не е веќе безбедна: Меган и Хари се преселија во Калифорнија

27 март 2020

Меган Маркл и принцот Хари веќе не живеат во Ванкувер. Како пренесуваат странските медиуми, двојката тивко ја напуштила Канада, а нивната следна дестинација е Калифорнија, односно Лос Анџелес.

Магазинот „Ел“ вели дека причината за преселбата е актуелната состојба со вирусот, а планот е да останат таму до летото. И покрај тоа што не се препорачува патување, двајцата одлучиле дека побезбедно ќе се чувствуваат во овој дел на Америка.

Дури и палатата се огласи дека сите членови, вклучувајќи ги и Војводата и Војвотката од Сасекс, ги преземаат сите пропишани мерки и дека доколку некој од семејството се сомнева дека бил во контакт со некој што е позитивен на КОВИД - 19, ќе реагираат соодветно. 

За потсетување, пред неколку дена беше потврдено дека принцот Чарлс е заразен со вирусот, по што веднаш го напуштил Лондон и се префрлил во неговиот дворец во Велс.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) onMar 18, 2020 at 8:17am PDT

Меган и Хари пак, се огласија преку нивниот Инстаграм профил „Sussex Royal“, каде уште еднаш потенцираат дека со цел да го зачуваат своето и здравјето на семејството, ги преземаат сите мерки и помагаат на сите организации кои помагаат во овие денови сите да го зачуваат општото, но и менталното здравје.

Објавено:
27 март 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.406 пати