Канје Вест полуде !

23 ноември 2016

Канје Вест е под психолошка опсервација на клиниката во Лос Анџелес откако тој одеднаш ја прекина својата турнеја. Ова е последица на низата бизарни инциденти кои ги предизвика самиот Канје меѓу кои и вербалните напади од негова страна кон неговите пријатели Џеј Зи и Бијонсе, а исто така и нападот кон него од музичките супер ѕвезди поради поддршката која тој ја изрази за претседателскиот кандидат Трамп.

Во извештајот од страна на неговиот тим  додаваат дека поради негово добро и заштита,  значајно е да биде задржан на испитувања. Велат дека со прекинување на оваа турнеја Канје ќе биде во загуба 10 милиони долари.

Вест е познат по агресивните говори на разни музички манифестации, навредите кон колегите, безкомпромисен и арогантен. Во моментот кога ќе го поддржи Трамп, ќе наиде на напад од сите возможни страни. Неможејќи да го издржи притисокот доживиеа нервен слом. Ако се земе предвид и напнатоста со неговата сопруга и инцидентот во Париз, кога Ким Кардашијан беше нападната и ограбена тогаш оваа состојба на Канје доаѓа некако природно.

Неговиот напад доаѓа за време на концертот во Сакраменто, Калифорнија по само две изведени песни или поточно само 30 минути по започнувањето на концертот.

Хаштагот на твитер #KanyeIsOverParty набргу станува тренд.
Се сеќавате сигурно како ја нападна своевремено Тејлор Свифт на МТВ музичките награди како и неговата самоуверена најава дека ќе биде претседателски кандидат во 2020 година.

 

 

Објавено:
23 ноември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.253 пати