Кански филмски фестивал: Топ три стајлинзи на третиот ден

17 мај 2019

Канскиот филмски фестивал секогаш е привлечен за следење, што поради програмата и остварувањата кои учествуваат, што поради модата.

Црвениот килим на овој настан секоја година е речиси совршен. Одминаа веќе три дена од фестивалот, а изборот на впечатливи и одлични стајлинзи е голем.

Овој пат ние издвојуваме топ три од последната вечер, кои ни оставија посебен впечаток:

Каролин Дур

Германката вчера на црвениот килим се појави во ултра шик комбинација. Таа носи креација на „Етро“. Се работи за широко здолниште со принт и корсет во горниот дел. Ременот и сандалите со ремчиња,, ѓердан и клач чанта го надополнија изгледот, кој дефинитивно го привлече вниманието.

 

Бела Хадид

Бела Хадид го освои вниманието во креација на Диор. Се работи за фустан од тул, изработен на најпрефинет начин. Карнерите се асиметрично поставени, а манекенката изгледаше како снегулка.  Сандали во слична нијанса со фустанот со висока потпетица се нејзиниот избор на обувки.

 

Шајлин Вудли

Уште една дама на „Диор“, која на килимот се појави во една поинаква верзија на популарните одела. Актерката носеше краток шорц, со мантил со бели ревери и бели манжетни. Строгиот крој беше задржан и при изборт на кошула. Црни салонки и впечатливи обетки го заокружија изгледот.

 

Која комбинација најмногу ви се допаѓа?

Објавено:
17 мај 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
527 пати