Кара Делевињ е модна икона на премиерите на Paper Towns

22 јули 2015

За само два дена ќе се случи долгоочекуваната, американска премиера на филмот Paper Towns во кој светскиот топ модел Кара Делевињ го има своето актерско деби.

Изминатите неколку недели, заедно со целата актерска екипа, Кара го промовираше филмот низ многу европски и американски градови каде сосема очекувано, се појави во најдобрите можни стајлинзи.

Особен впечаток остави на вчерашното појавување на затворената њујоршка премиера на нејзиниот прв филм, каде се појави во кусо сребрено фустанче со долги ракави и интересно деколте.

Заедно со манекенката, на речиси сите премиери се појавуваат и нејзините познати пријателки меѓу кои и Карли Клос, Кендал Џенер, Попи Делевињ и уште многу други како нејзина беспрекорна стилска поддршка.

Ние издвоивме некои од нејзините најдобри комбинации во кои таа се појави на премиерите на Paper Towns, во кои веруваме дека и вие ќе се заљубите.

Во продолжение, погледнете го трејлерот за филмот на кој многумина му прогнозираат огромен успех.

Објавено:
22 јули 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.311 пати