Познатата холивудска актерка Кејт Бланшет (53), се појави на вчерашното доделување на наградите CNMI Sustainable Fashion Awards 2022 во Милано во гламурозен светкав црн фустан и длабоко деколте со потпис на Армани.
Фото: Getty
Свечената тоалета на актерката блесна во полн сјај под рефлекторите на розовиот килим. Главниот акцент на фустанот беше патентот кој одеше по целата должина на фустанот достигнувајќи го самото дно на предниот дел на креацијата, со лента од блескави кристали од двете страни.
Фото: Getty
Фото: Getty
Кејт го остави патентот отворен напред за да создаде длабоко деколте, како и на здолништето за да формира предна поделба. Актерката го комплетираше изгледот со пар црни чевли со високи потпетици и впечатливи обетки.
Фото: Getty