На синоќешната премира на анимираниот филм „ How to Train Your Dragon 2“, во режија на Дин Деблоа, каде главните улоги ги играат Кејт Бланшет, Америка Ферера, Џеј Барукел и Кејт Харисон, некрикоснованата кралица на стилот Бланшет, повторно воодушеви со својот изглед.
Кејт Бланшет во Делпонцо
Кејт Бланшет како и претходниот ден кога можевме да ја видиме на забавата на Шопар во креација на Валентино и вечерниот коктел на кој што се појави во тоалета на Армани Прајв, пред фотообјетвите на прес конференцијата се појави во краток горен дел во сива, црвена и црна нијанса и класични панталони со висок струк, дело на Делпонцо, во комбинација со црвени потпетици на Роџер Вивиер, лежерна фризура и едноставна шминка.
Кејт Бланшет во Живанши
За вечерашната премиера Кејт Бланшет под светлата на рефлекторите блесна во дводелна тоалета на Живанши, чиј горен дел е корсет изработен од метални форми на пердуви во сини, златни и црвени нијанси и брановидно здолниште со едноставна линија во црна боја, сафирни обетки на Шопар, фризура собрана во пунџа на долниот дел од вратот и нежна шминка.
Америка Ферера во Луј Витон
Нејзината колешка Америка Ферера , која што нам ни е позната од мега серијата „Грдата Бети“, за дневната прес конференција носеше поло маичка и миди здолниште на Луј Витон, додека за вешерашната премиера се појавио во бел фустан со принцес крој кој што наликуваше на венчаница, дело на Џорџ Хобеика.