•
27 јули 2017
Актерката Кејт Хадсон не експериментираше често со изгледот, па отсекогаш ја паметиме со долга руса коса и одличната форма на телото.
Исто така, изјави дека никогаш нема да ги зголеми градите и на тој начин уште еднаш ја освои публиката ширум светот.
фото извор: elle.hr
Токму затоа, фотографијата што се појави вчера во светските медиуми ја шокираше јавноста. Кејт Хадсон сега има сосема кратка фризура, како онаа на Шинед О’Конор.
Причината е нов професионален ангажман. Се работи за музичката драма насловена „Sister“ а во режија на познатата Сиа.
За сега нема информации кога ќе биде премиерата и фотографијата што имате можност да ја видите во текстот.
Како ви се допаѓа новиот изглед на Кејт?