Кејт и Лео уживаат во Сен Тропе

17 август 2017

Во декември годинава ќе бидат 20 години од појавувањето на филмскиот класик „Титаник“.

Главните актери Леонардо Дикаприо и Кејт Винслет и после 20 години сè уште го одржуваат пријателството, а токму за тоа сведочат и последните фотографии од познатата двојка. Имено, Винслет (41) е на заеднички одмор со својот колега Дикаприо (42) во Сен Тропе.

фото извор: dailymail.co.uk

Не само што уживаат во убавините на југот на Франција, туку Леонардо како вистински домаќин ја покани актерката на гости во неговата вила токму во овој крај.

Од папарацо фотографиите се гледа дека тие се сосема опуштени. Кејт е во флуоресцентно бикини што ги истакнува нејзините облини, а Лео во стандарден машки шорц.

фото извор: dailymail.co.uk

Инаку, деновиве се појавија гласини дека згодниот актер има нова девојка, секако повторно модел, и дека нејзиното име е Нина Агдал, но за сега официјална потврда нема.

Освен за одморот, двојката и претходно годинава престојуваше во Сен Тропе, а поводот беше годишната гала вечер што ја организира фондацијата на Дикаприо.

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: dailymail.co.uk

Кејт и Леонардо се секогаш интересни за јавноста, особено кога некаде ќе се појават заедно. Тие се култна двојка од филмските екрани, што и денес неизмерно се почитува и го негува пријателството. И на било која манифестиација на која присуствувале заедно, секогаш се поддржуваат и имаат убави зборови еден за друг, што е вистинско освежување на светската сцена.

фото извор: dailymail.co.uk

А во продолжение погледнете како изгледаа актерите во „Титаник“:

лево 2008 - десно 2016; фото извор: dailymail.co.uk

2017 година; фото извор: dailymail.co.uk

Објавено:
17 август 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
8.483 пати