Кејт и Вилијам ги испратија децата во школо: „Ова беа долги пет месеци“

11 септември 2020

Британските медиуми објавија дека принцезата Шарлот тргна во прво одделение, додека пак принцот Џорџ продолжува во трето.

Кејт и Вилијам за „Би-Би-Си“ на шега изјавиле дека со почнувањето на училиштето, почувствувале големо олеснување.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@kensingtonroyal) onSep 5, 2019 at 8:00am PDT

„Мислам дека секој родител чувствува олеснување што училиштето повторно започна. Пет месеци - беа прекрасни, но и навистина долги“, се пошегува принцот Вилијам.

Кејт пак нагласи дека најголемиот предизвик било нивното најмало дете, принцот Луис.

„Изминативе месеци имаше подеми и падови, како веројатно и во повеќето семејства. Џорџ е многу повозрасен од Луис и разбира многу повеќе нешта. Луис на пример, не разбира што е тоа социјална дистанцираност и беше предизвикувачки да не допира премногу работи, а тоа го обожува. Се трудевме да не ги плашиме и да не се возбудуваме премногу, но се трудевме да им ги објасниме работите на поедноставен начин за да ги разберат и сметам дека тоа беше соодветен начин“, објаснува Кејт.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@kensingtonroyal) onSep 5, 2019 at 1:15am PDT

 

Објавено:
11 септември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
747 пати