Кејт Мидлтон елегантна во црвен фустан изненади со музички перформанс за Божиќ

30 декември 2021

Војвотката Кејт Мидлтон за Божиќ, ја изненади британската јавност со музички перформанс на пијано во рамки на програмата на „Together at Christmas" во катедралата Westminster Abbey, настан што таа го организира со цел да им оддаде признание на индивидуалци и организации од Британија кои дале особен придонес за општеството во текот на годината.

Кејт на пијано го придруживаше шкотскиот музичар Том Вокер во неговата изведба на песната „ For Those Who Can't Be Here" и ова е всушност прв нејзин јавен настап од ваков карактер.

Покрај тоа што настанот беше пренесуван онлајн во живо, таа го објави и на нејзиниот официјален инстаграм профил.

Како што пренесува магазинот „People" според извори од кралското семејство, овој изненадувачки перформанс бил идеја токму на Кејт која уште од мала свири пијано.

За перформансот таа носи елегантен фустан-капут во симболична црвена боја, дизајн на креаторката Кетрин Вокер, која важи за омилена дизајнерка на војвотката, а била и една од омилените на принцезата Дијана.

 

Објавено:
30 декември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
687 пати