Кејт Мидлтон го носи најубавиот син фустан од Ели Сааб

19 јуни 2019

Во тек е традиционалниот настан Royal Ascot каде секоја година се собираат сите членови на кралското семејство за да ги гледаат трките со коњи.

Секоја година на кралското семејство му се придружуваат многу гости, па така беше и оваа година кога на кралицата Елизабета ѝ се придружи холандската кралица Максима облечена во прекрасна беж креација.

Речиси сите дами од кралското семејство изгледаа фантастично во неодолива сина, но една од нив најмногу го привлече вниманието – Кејт Мидлтон.

За настанот таа одбра романтичен син фустан од колекцијата на Ели Сааб кој го комбинираше со стилска шапка со цвет во иста нијанса и високи сребрени потпетици.

Фустанот беше целосно изработен од транспарентен материјал чија површина беше украсена со сини точки, а во предниот дел имаше романтична панделка и тантела.

Принцот Вилијам беше подеднакво елегантен во темен костим со сина кошула и елече и традиционалната висока шапка.

Сосема оправдано, на настанот годинава не се појавија Меган и Хари кои останаа во нивниот дом за да се грижат за малиот Арчи чија крштевка се очекува да се случи следниот месец.

Погледнете како изгледаше прекрасната војвотка од Кембриџ во најубавиот син фустан што сме го виделе досега од Ели Сааб.

Инфо и фото: Vogue, Getty Images

Објавено:
19 јуни 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
12.320 пати