Кејт Мидлтон во бел кошула – фустан ја изненади публиката на Вимблдон

2 јули 2019

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон ги изненади присутните кога се појави на натпреварот помеѓу Хариет Дарт и Кристина Мекхејл на Вимблдон.

Целото внимание на публиката беше свртено кон шармантната војвотка која на натпреварот се појави во стилско бело фустанче со копчиња во предниот дел во комбинација со црни потпетици.

Фустанчето е специјално направено за војвотката од брендот „Suzannah“, а изгледа одлично во комбинација со Александар Меквин ремен.

Истото таа го надополни со впечатливи модни додатоци како црни очила за сонце, обетки во интересна форма и супер шик чантичка во сламена варијанта.

Инаку, Кејт отсекогаш е голем фан на тенисот и често присуствува на бројни натпревари заедно со нејзиниот сопруг принцот Вилијам.

Останува да видиме дали ќе ја видиме и подоцна во денот кога пријателката на Меган Маркл, Серена Вилијамс ќе игра против Џулија Гато Монтиконе.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
2 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
8.995 пати