Кејт Винслет доби ѕвезда на Патеката на славните

18 март 2014

Оскаровската Кејт Винслет е наградена со ласкавата ѕвезда од фамозната улица во Лос Анџелес, а на доделувањето таа се појави во едноставен црн фустан со длабоко деколте од кој во преден план се истакнуваа нејзините облини. Славната актерка се појави во друштво на режисерот Џејмс Камерон и актерката Кети Бејтс.

-Кејт блеска во секоја своја улога, а сега доби и ѕвезда која симболично го докажува тоа, изјавува Ана Мартинез која воедно и го врачи признанието.

Објавено:
18 март 2014
Категорија: 
Сцена