Кејт Винслет: Среќна сум што имам облини!

30 јули 2015

Актерката и мајка на три деца, Кејт Винслет неодамна ја повтори познатата сцена од култниот „Титаник“ во која заедно со Леонардо ди Каприо стојат на работ на бродот додека таа му вели „Џек, се чувствувам како да летам“.

Таа се појавува во една од епизодите на авантуристичкото шоу на Бер Грилс, со кого заедно се качуваат по планини, но таа разговара и за нејзиниот приватен живот.

Еден од интересните моменти беше оној кога таа говореше за нејзината 14 – годишна ќерка Миа на која неодамна и посочила еден од најдобрите животни совети.

„Додека растев, никогаш немав слушнато некоја девојка да каже нешто добро за нејзиното тело. Тоа е сериозно страшно за самодовербата на младите девојки, кои подоцна прават различни работи да го доведат телото до совршенство. Ја советував мојата ќерка дека ние двете сме многу среќни жени што можеме да се пофалиме со облини, на што таа ми врати: Знам, му благодарам на Бога за тоа“, изјави Винслет.

Актерката во дел од шоуто говореше и за нејзината дефиниција за среќа, за што кажа:

„Среќата не е потрага по психичко или физичко совршенство. Тоа е нешто што доаѓа одвнатре“, вели актерката.

Последниве неколку години таа постојано добива критики за нејзиниот изглед и за килограмите, на што таа секогаш одговара:

„Јас навистина го сакам моето тело и облините!“

Објавено:
30 јули 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.386 пати