Принцезата Кејт Мидлтон и принцот Вилијам синоќа присуствуваа на државниот банкет што се одржа во чест на претседателот на Јужна Африка, Кирил Рамафоса.
За пригодата, Кејт избра прекрасна бела тоалета на Џени Пакам со украсени раменици и дијадемата Cambridge Lover's Knot.
Фото: Getty
Фото: Getty
Фустанот на принцезата од Велс е всушност Elspeth Gown од невестинската колекција на Џени Пакам, и моментално е достапен на интернет за 4.303,09 фунти. Се одликува со затворено и благо кружно деколте и долги отворени ракави, со детали од монистра кои се прелеваат преку рамениците.
Фото: Getty
Во однос на модните додатоци, Кејт се одлучи за клач чантата Butterfly Box на Александар Меквин и елегантните Rania 105 салонки од Gianvito Rossi украсени со ситни дијаманти.
Фото: Getty
За накит, принцезата ја избра тијарата позната под називот Queen Mary's Lover's Knot. Принцезата Кејт веќе девет пат и забележана дека ја носи оваа тијара, а се верува дека во минатото таа ѝ била омилена на принзецата Дијана.
Фото: Getty
Тиарата беше нарачана за кралицата Мери во 1913 година од британската куќа Гарард. Се состои од дијаманти и колекција од 19 висечки бисери, сите врамени во сребро и злато. Подоцна ѝ била предадена на кралицата Елизабета, која потоа ѝ го подарила на нејзината снаа, принцезата Дијана.
Токму преку Дијана, Lover's Knot стана едно од најпрепознатливите парчиња накит што му припаѓа на британското кралско семејство. По нејзиниот развод од принцот Чарлс, тијарата ѝ беше вратена на кралицата Елизабета.
Фото: Getty
Кејт не носеше тијара во првите неколку години од нејзиниот кралски мандат. Во декември 2015 година таа ја носеше за прв пат на Дипломатскиот прием и оттогаш стана дел од формалната облека на принцезата.