Кејти Холмс во мал црн фустан со кој ќе блеснете на сите есенски забави

24 октомври 2019

Ако пред вас е некоја забава на која сакате да оставите впечаток на суптилен и стилски начин, тогаш комбинацијата на Кејти Холмс е за вас.

Веќе знаете дека во последно време таа е новата модна икона во Холивуд со неверојатни комбинации во кои нема грешка месеци наназад.

Токму во една таква, ултра стилска и уникатна комбинација актерката се појави на отворањето на стоковната куќа Нордсторм каде носеше мал црн фустан со потпис на Сен Лоран и високи потпетици на Џузепе Заноти.

Неодоливиот фустан со долги ракави таа го комбинираше со впечатливи и стилски хулахопки со црни точки и мини чантичка во црна нијанса со златно ремче.

Во однос на шминката, сосема соодветно на црниот фустан, Кејти одбра нагласени црни очи со туш и црвен кармин што ѝ прилегаше неверојатно.

Нејзиниот ефектен стајлинг може да ви послужи како инспирација за големиот број празнични забави што се пред нас, но и за некоја свадба или приватна свеченост на која сакате да оставите впечаток и да блеснете.

Секако, веќе знаете дека со црниот фустан и црвениот кармин никогаш нема да погрешите, нели?

Инфо: Journal.hr

Фото: Getty images, Vogue, Journal.hr

Објавено:
24 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.935 пати