Кендал и Кајли Џенер дизајнираат колекција за Топшоп

6 февруари 2015

По Кејт Мос, и ИТ сестрите Кендал и Кајли Џенер ќе дизајнираат капсулна колекција за Топшоп што ќе биде достапна во продавниците на брендот веќе од оваа пролет.

Инспирација за создавањето на колекцијата, сестрите црпеле од нивниот исполнет живот во Лос Анџелес и според многумина, изостреното чувство за стил.

Дел од капсулната колекција ќе бидат урбани и тренди летни парчиња по кои и инаку е познат британскиот high street бренд.

Ова е само уште една во низата соработки на сестрите со познати брендови, со оглед на тоа што досега веќе имаат лансирано колекции облека, книги, но и работеле на многу фотосесии, ревии и рекламни кампањи.

Овие денови, социјалните мрежи се „преплавени“ со сестрите Џенер, откако Кендал се појави заедно со Кара Делевињ на насловната на Love магазинот, но и со фотошопирани гради на уште една фотографија за магазинот.

Последно, Кендал можеме да ја видиме и на насловната на пролетното издание на магазинот Garage, во едно сосема поинакво, футуристичко издание со слушалки на ушите.

Како што и се очекуваше, ова дефинитивно ќе биде година на Кендал Џенер!

Објавено:
6 февруари 2015
Категорија: 
Сцена