Кери, Миранда и Шарлот подготвени за новото „Сексот и градот“ снимање

12 јуни 2021

Многумина се израдуваа на информацијата дека повторно ќе ги гледаме хероините од „Сексот и градот“, а снимања на лимитираното издание насловено како „And Just Like That“ и кое ќе биде составено од 10 епизоди конечно започна.

Сара Џесика Паркер објави фотографија со нејзините колешки од серијата Синтија Никсон и Кристин Дејвис.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)

 

„Повторно заедно“, напиша актерката, дополнувајќи ја објавата со линк до профилот кој се однесува на новите епизоди, а каде ќе ги има сите некогашни ликови, како и новите членови од актерската екипа.

 

Помеѓу бројните коментари кои ги има под фотографијата, постои еден кој измами насмевка и многу лајкови кај публиката: „Саманта ве слика, нели?“. За жал, тоа секако не е вистина и Ким Картал нема да ја гледаме во новите епизоди, но сепак интересот и очекувањата се големи.

Фотографијата за неполни 10 часа успеа да собере преку милион лајкови, што е само уште еден показател за тоа со колкаво внимание ќе биде новото продолжение проследено.

 

Објавено:
12 јуни 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.209 пати