Кети Пери: Три месеца се подготвував за Вог

29 јули 2013

Американската пејачка Кети Пери се наоѓа на насловната страна на јулскиот број на магазинот Вог. Гостувајќи во емисијата на Џеј Лено, таа откри колку време се подготвувала за едиторијалот на магазинот.

Секоја позната жена сонува да се најде на насловната страница на еден од најпочитуваните модни магазини на светот. Кети Пери го оствари тој сон, но до неговото остварување стигнала потешко отколку што можевме да претпоставиме.

Во емисијата кај Џеј Лено, таа откри од што се морала да се откаже, за едиторијалот да биде успешен.

„Самата се подготвував за снимањето. Како да бев на чистење на организмот. Пиев многу витамини. Кафето го заменив со зелен чај и не пиев алкохол три месеца. Сакав навистина да влезам во таа приказна сериозно и да заблескам на насловната“, откри пејачката.

Главната уредничка на списанието, Ана Винтур е мошне строга и Кети Пери не ризикувала, па едиторијалот го сфатила мошне сериозно. Можеби три месеца подготовка за едиторијал од неколку фотографии звучи бизарно, но пејачката смета дека вредело, бидејќи резултатот е одличен.

Во продолжение еве дел од интервјуто на Лено со Пери.

Објавено:
29 јули 2013
Категорија: 
Сцена