Кетрин Зета Џонс покажа како се носи деколте на 49 години

23 јули 2019

Иако за само неколку месеци ќе наполни 50 години, Кетрин Зета Џонс никогаш не изгледала подобро.

Деновиве таа прошета низ прекрасниот остров Капри во друштво на нејзиниот сопруг, 74 годишниот актер Мајкл Даглас во романтичен црн фустан со длабоко деколте дополнително украсено со впечатлив ѓердан.

Заедно со нивните пријатели, тие се упатија на забавата за 60 – тиот роденден на познатиот бизнисмен Лоренс Строл чија инспирација за роденденот биле 20 – тите години.

На елегантната комбинација таа ѝ додаде сандали на висока потпетица, интересна чантичка со реси, висечки обетки и ретро фризура.

Прекрасната актерка објави и селфи фотографија со нејзиниот сопруг на нејзиниот профил на Инстаграм под која доби и голем број коментари за тоа дека изгледа поубаво од кога и да е и дека љубовта не познава граници.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones) onJul 20, 2019 at 1:39pm PDT

Дека тоа е така докажува и нивниот брак што трае 19 години, нешто што е реткост во Холивуд. Двојката се венчаше во 2000 – та година, а заедно имаат две деца – синот Дилан, 18, и ќерката Карис, 16 години.

„Тој е најдрагиот човек што сум го запознала во мојот живот. Неговата смисла за хумор е неверојатна. Тој е дефинитивно мојот најдобар пријател. Секогаш сум толку горда на него“, изјави актерката на годинешните Златни глобуси.

Инфо и фото: Tportal.hr, Profimedia

Објавено:
23 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
8.614 пати