Кон крајот на 90-тите, а посебно во 2000-тите, постоеше тренд кој значеше да се нагласи долната облека, односно да биде видлива на модните комбинации.
Тогаш мошне популарен и меѓу ѕвездите (го носеше и Кајли Миног, Бритини Спирс, Кристина Агилера Парис Хилтон...), денес еден од оние на списокот што не би сакале да се вратат никогаш.
Но, Ким Кардашијан не мисли така.
View this post on Instagram
Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија во црн тесен долг фустан, со гол грб, а во долниот дел беше видлива и црвената долна облека што ја носи. Всушност, креацијата е со потпис на „Живанши“, но со оглед на влијателноста што ја има на социјалните мрежи и меѓу помладата популација, рекламата беше и повеќе од добредојдена за францускиот бренд.
Коментарите на темата се најразлични, од „Изгледаш секси“, до „Изгледаш евтино со црвената долна облека“.
Дали намерата да се популаризира повторно овој тренд ќе успее, ќе покаже времето. Или социјалните мрежи :).