(Видео) Ким Кардашијан во фустанот во кој Мерилин Монро пред 60 години му пееше на Џон Кенеди

3 мај 2022

Од Ким Кардашијан секогаш се очекува спектакл особено кога е Мет Галата во прашање. Секоја година, таа е една од највпечатливите личности на црвениот килим.

Годинава, ја видовме во светкав едноставен фустан и првата рекација на многумина веројатно беше - не очекувавме вака „обичен„ стајлинг.

Сепак, приказната зад овој нејзин изглед е само оддалеку „обична“.

Ким Кардашијан на црвениот килим на Мет Галата се појави во креација која всушност ја носеше Мерилин Монро на роденденската забава на Џон Кенеди во 1962 година. Токму во неа, таа му ја отпеа „Среќен роденден, претседателе“, денес веќе култна приказна.

Она што нам ни побуди интерес е тоа што Ким Кардашијан морала значително да ослаби за да може да го носи оригиналниот фустан.

Иако Мерилин Монро во времето на нејзината популарност беше обожувана поради облините и се сметала за “крупна“ жена, сепак, во споредба со денешните стандарди, очигледно не била. Ким, за разлика од претходно, веќе имаше сосема нов изглед на телото, но за Мет Галата требала да се потруди и уште повеќе да ја намали килажата.

 

„Беше или ова или ништо. Беше вистински предизвик, но бев одлучна да успеам. Носев костим за слабеење двапати дневно, трчав на трака, целосно ги исфрлив јаглехидратите и шеќерот и ги јадев само најчистите зеленчуци и протеини. Не се изгладнував себеси, но бев многу строга" – изјави Кардашијан.

Инаку, фустанот кој го носи е дизајниран од Жан Луј, а за да го купи, морала да одвои речиси 5 милиони долари. Како пренесуваат странските медиуми, Монро му платила околу 1.500 долари на дизајнерот да го изработи пфустанот. Првпат бил продаден на аукција во 1999 година за преку милион долари, а во 2016 повторно бил продаден за 4.8 милиони долари, по што бил откупен од музејот „Верувале или не на Рипли“ во Орландо и важи за еден од најскапите фустани во историјата, кога се аукциите во прашање.

„Јас сум голем обожавател на аукции и поседувам неколку парчиња од Џон Кенеди, па ги знам сопствениците на аукциската куќа која го имаше фустанот. Тој ме поврза со музејот „Рипли“ и така започна конверзацијата“, открива Ким.

Инаку, фустанот е чуван во темна просторија, на 20 степени целзиусови, на влажност од 40-50%. Материјалот од кој е изработен ги бара овие услови. Ретко кога горниот дел од муслин и кристали е   одделен од основата на фустанот, а воедно истиот не бил воопшто носен после Мерилин Монро - сè до сега. 

Од „Рипли“ се согласиле да ѝ го позајмат фустанот на Кардашијан и ѝ било понудено да проба реплика од фустанот за да ја одреди дали големината ќе ѝ одговара. После ангажманот околу телото, совршено се вклопило во фустанот. 

Подоцна, оригиналниот фустан бил пренесен со приватен авион од Орландо до домот на Кардашијан во Калабасас. 

„Фустанот беше транспортиран со обезбедување и морав да носам ракавици додека го пробувам. Отсекогаш мислев дека таа имала нагласени облини. Мислев дека дури и ќе ми биде голем на одредени места, па кога сфатив дека сепак не ми е точен, навистина бев тажна, затоа што не можев воопшто да правам корекции на фустанот“. 

Затоа можела на своето тело. Неколку месеци до галата имала два избора - или да ослаби за да може да го носи или да најде нешто друго. Посакуваниот резултат успеала да го постигне за еден месец.

„Имам огромна почит кон фустанот и кон тоа што значи за американската историја. Никогаш не би јадела или седела во фустанот, со ризик да го оштетам на било кој начин, затоа и не носев шминка на телото каква што најчесто користам“, изјави Ким, потенцирајќи дека оригиналниот фустан само го носела за фотографирањето, по што облекла реплика на истиот, која исто така е во сопственост на „Рипли“ музејот.

„Сè беше временски точно одредено, морав да вежбам одење по скали да не го оштетам, истегнам“, открива Кардашијан, потенцирајќи дека за платинестата боја на коса, со која го дополнува изгледот, морала да седи 14 часа на столче додека ѝ ја боеле косата.

Објавено:
3 мај 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.283 пати