Ким Катрал: Никогаш не ме прашаа да се приклучам на „And Just Like That...“

5 мај 2022

Имаше бројни коментари околу тоа дека продолжението на „Сексот и градот“ насловено како „And Just Like That...“ не е исто без Саманта Џонс.

И покрај тоа што се обидоа да ја инфилтрираат во приказната, неуспешно, отсуството на Ким Катрал беше мошне забележително.

Се објавуваа вести дека е во жестока кавга со Сара Џесика Паркер и дека тоа е причината поради која ја нема како дел од актерската екипа.

Ким Катрал конечно проговори за темата и ги о ткри вистинските причини за нејзиното непојавување:

„Никогаш не ме ни прашааа да се приклучам кон „And Just Like That...“. Мислам дека јасно дадов до знаење дека не сум за такви работи уште кога постоеја шанси за трето продолжение на „Сексот и градот“. Оттаму, за серијата дознав кога и сите останати, преку социјалните медиуми“, вака актерката ја започнува својата страна од приказната за магазинот „Variety“.

Катрал не сакаше да даде свое мислење и критика за новите епизоди, но едноставно нагласи дека „треба да се знае кога е доста“.

Низ разговорот, актерката вели дека не била задоволна од сценариото за третото продолжение на филмот и начинот на кој нејзиниот лик се развивал низ годините, што е во голема мера и причината поради која ја одбила, а една од работите посебно ѝ пречела.

„Според замислата на режисерот, 14 годишниот син на Миранда требаше да ми прати фотографија од својот полов орган. Тоа е  страшно. Тоа ме заболе. Зошто Саманта не можеше да биде, да речеме, во финансиска криза после 2008 година, кога повеќето тешко ја поднесуваа кризата. Зошто да речеме, не беше присилена да ја продаде својата ПР компанија на некој млад дечко во дуксер. Тоа е реалноста. Тоа им се случи на многумина. Такво сценарио на некој начин ќе ме привлечеше и кое моите агенти го предложуваа, наместо некој тинејџер да ми праќа свои голи фотгорафии“, вели 65-годишната актерка.

Секако, во интервјуто тема беше и нејзиниот однос со Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис.

„Бевме колешки. Моите колешки не мора да ми бидат и пријателки. Се' беше професионално“, одговор кој даде до знаење дека не се во најдобри односи, но исто така и дека очекувањата од двете страни никогаш не биле такви. 

Инаку, Катрал три пати одбила да ја толкува Саманта.

„Три пати ги одбив. Мислев дека нема да го можам тоа во годините во кои бев, а тогаш имав 42. Ни после првото снимање, не ми „легна“ улогата. Подоцна работите се развија во добра насока. Бев скептична бидејќи никогаш претходно немав работено на серија, само на филмови. Кога сфатив дека работиме нешто така смешно, ми се допадна“.

Таа воедно им се заблагодари и на гледачите што ѝ испраќаат пораки дека им недостасува во новите епизоди.

„Го сметам тоа за успех. Кога некому му недостасуваме, тоа е знак дека добро сте ја завршиле својата работа“.

Објавено:
5 мај 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.876 пати