Ќе се снима продолжението How I Met Your Father со Хилари Даф во главната улога

22 април 2021

Култната серија How I Met Your Mother ќе добиe второ продолжение со наслов How I Met Your Father. Обожавателите на серијата со второто продолжение ќе имаат можност да слушнат и друга страна на приказната, а главната улога во серијата за која се најавени 10 епизоди, ќе има ѕвездата на Younger, актерката Хилари Даф.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Hilary Duff (@hilaryduff)

Приказната ќе биде скоро иста: Дејството е сместено во блиската иднина, а Софи (Даф) ќе му раскажува на својот син како го запознала неговиот татко во 2021 година, опкружена со својата група пријатели. 

Креатори на серијата ќе бидат Ајзек Аптејкер и Елизабет Бергер од This is Us, но како продуценти ќе се јават и креаторите на оригиналната How I Met Your Mother, Картер Бејс и Крег Томас. Покрај нив, продуцент ќе биде и самата Хилари Даф.

Екипата на How I Met Your Mother

Објавено:
22 април 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
666 пати