Ќерката на Брук Шилдс на матура во фустан од мајка си

12 јуни 2021

Брук Шилдс на доделувањето на „Златните глобуси“ во 1998 година се појави во црвена креација без ракави и шал во која изгледаше заносно. За потсетување, таа година беше номинирана за улогата во серијата „Suddlenly Susan“.

Но, 23 години подоцна, истиот фустан е повторно ставен во фокус на вниманието.

Овој пат го носи нејзината најстара ќерка, Роан Хенчи. Без шал, но со мала „Ерме“ чанта, таа ја имаше добитната комбинација за матурски изглед.

„Мислев дека вечерта кога бев номинирана за „Златен глобус“ и кога го носев овој фустан во 1998 година е посебна, но ништо не можеше да ме подготви за тоа да ја видам ќерка си како го носи на нејзината матурска вечер. Горда мајка“, напиша моделот на својот Инстаграм профил.

Како ви се допаѓа?

фото: instagram.com/brookeshields

Објавено:
12 јуни 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.491 пати
Тагови: 
Брук Шилдс