Ќерката на Ирина Шајк е преслатка балерина на прошетка во Њујорк

25 септември 2019

Откако се разделија, Ирина и Бредли одделно се грижат за двегодишната ќеркичка Леа, а деновиве таа е кај нејзината мајка па папараците направија преслатки фотографии додека тие уживаа заедно на прошетка низ Њујорк.

Облечена во розово фустанче во кое неодоливо наликуваше на балерина, таа заедно со манекенката го привлече сето внимание на случајните минувачи и фоторепортерите.

По цела недела обврски, манекенката уживаше во друштво на нејзината ќеркичка, облечена во сина кошула со апликација Star Wars и црни чизми до над глуждовите.

Претходната недела, додека Ирина беше дел од модната недела во Милано, згодниот Бредли сето време го поминуваше со слатката Леа на прошетка низ Њујорк.

Како што објави порталот TMZ, Бредли и Ирина се договориле за заедничко старателство врз Леа и двајцата одлучиле да останат да живеат во Њујорк.

Инфо и фото: Daily Mail, Backgrid

Објавено:
25 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.498 пати