Кога Блејк Лајвли ѝ режира спот на Тејлор Свифт

19 ноември 2021

Тејлор Свифт неодамна откри во какви правни ситуации се нашла, кога се договорите за нејзините песни во прашање. Резултатот е изгубено право на мастер снимките, но тоа не ја обесхрабри.

Пејачката одлучи повторно да ја сними својата музика, а бидејќи дел од песните се инспирирани и од нејзините поранешни момчиња, тоа разбуди љубопитност кај публиката, како Свифт ќе ги претстави повторно.

Таа во гостувањето во емисијата „Saturday Night Live“ изјави дека воопшто не размислувала за тоа дека повторното актуализирање на старите хитови ќе значи актуализирање и на поранешните партнери, туку на повторното создавање на нејзината музика, онака како што осекогаш посакувала.

 

А во својот „тим“ ја посакувала Блејк Лајвли. Имено, познатата актерка се потпишува како режисер на новиот спот за песната „I Bet You Think About Me“. Во видеото, Тејлор глуми со Мајлс Телер, кој е нејзино поранешно момче. Во спотот носи и огромна црвена и бела креација зад кои се потпишува брендот „Никол + Фелиција“, а на кои како велат, работеле 1.200 часа.

 

Претходно, за песната „All too well“, Тејлор се одлучи да режира краток филм, па очигледно дека новиот пристап на старите песни е мошне посериозен.

 

Објавено:
19 ноември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
384 пати