Кога децата го земаат местото на славните родители

9 август 2014

collage1

Нивните родители ни се многу добро познати. Веќе со години ги гледаме како дел до светскиот шоу бизнис. Но, дојде време кога нивните места на јавната сцена полека ги заземаат нивните деца. Дел од нив за кусо време станаа добропознати кај публиката, благодарение не само на гените, туку и на талентот.

Во продолжение погледнете ги наследниците и кажете ни кој ви остави впечаток:

Амбер ле Бон Амбер Ле Бон продолжи по стапките на нејзината мајка, моделот Јасмин Ле Бон, па беше дел од кампањите на Шанел, Пантен, Смашбокс... Нејзин татко е вокалистот на Duran Duran, Симон Ле Бон.

Ана Кливленд Ана Кливленд  е ќерка на познатиот модел Пат Кливленд. Инаку, Ана е муза на Зак Посен, а била дел од ревиите на Шанел и Готје

Атланта де Каденет Тејлор Атланта де Каденет Тејлор е диџеј, а е ќерка на фотографката Аманда де Каденет и басистот на Duran Duran, Џон Тејлор

Ромео и ? Бекам Ромео и Бруклин Бекам тргнаа по стапките на мајка си и станаа дел од модната индустрија. Сепак, дали во нив се крие и талент за фудбал и Дејвид ќе добие свој наследник во кариерата, останува да се види

Дакота Џонсон Дакота Џонсон е млада актерка, која тргна по стапките на својата мајка Мелани Грифит и Дон Џонсон

Дилан Пен Дилан Пен - ќерката на Шон Пен и Робин Рајт е модел, но и актерка, а својата прва улога ја има во филмот Condemned, кој во кината ќе се појави следната година

Итан Пек Итан Пек е внук на познатиот актер Грегори Пек

Ив Хјусон Ив Хјусон - ќерката на Боно и Али Хјусон одлучи да се занимава со глума

Џиџи Хадид Џиџи Хадид - ќерката на Јоланда Фостер е модел, ѕвездата на новата кампања на Марк Џејкобс, како и една од иконите на Карин Ројтфилд

Хејли Болдвин Хејли Болдвин - моделката е ќерка на Стефен Болдвин

Хари и Питер Брант Хари и Питер Брант - синовите на Стефани Сејмор се веќе добро познати во модниот свет. Присуствуваа на роденденската забава на Рикардо Тиши, а Питер е дел од најновата кампања на Живанши

Ајрланд Болдвин Ајрланд Болдвин - ќерката на Алек Болдвин од неодамна зачекори во модниот свет

Лили Мекменами Лили Мекменами е уште едно од децата што го продолжуваат патот на своите родители. Нејзината мајка е моделот Кристен Мекменами, а и Лили веќе успешно ја гради својата кариера во модниот свет.

Патрик Шварценегер Патрик Шварценегер - синот на актерот и градоначалникот Арнолд Шварценегер за сега плива во модните води. Дали ќе го привлече и актерството, останува да видиме.

Раферти Лоу Раферти Лоу - синот на Џад Лоу своето модно деби го имаше на ревијата на DKNY за време на модната недела за мажи во Лондон

Рајли Кио Рајли Кио е најстарата внука на Елвис Присли, но музиката не е она што неа ја привлекува. Оваа девојка ја гради својата актерска кариера, а се појави и во спотот на Џастин Тимберлејк за песната TKO.

Скот Иствуд Скот Иствуд - синот на Клинт Иствуд тргна по стапките на татко си, градејќи ја кариерата во филмови со понаков жанр отколку во времето на татко му.

Стивен Меквин Стивен Меквин е внук на Стиви Меквин, а се занимава со актерство

Тео Спилберг - синот на Стивен Стилберг со неговата сестра Саша се пробива во музичкиот свет

Објавено:
9 август 2014
Категорија: 
Сцена