Се сеќавате на пижама забавите што ги правевте како мали заедно со вашите другарки? Пижама забавата на омилените Долче и Габана беше многу повеќе од тоа!

Дизајнерите ги собраа сите нивни пријатели во Chateau Marmont хотелот во Лос Анџелес каде направија вистинска забава со некои од нивните најпознати пријатели и обожаватели.

Речиси сите од нив се појавија во колекцијата свилени пижами на брендот со совршена шминка и фризура, а се чини најубавите ги одбра прекрасната Џесика Алба која се одлучи за црвено – црна комбинација со рози.

Поводот за забавата беше нивната последна капсулна колекција свилени пижами, кои во последно време девојките ширум светот сакаат да ги носат во нивните секојдневни комбинации.

Покрај Џесика Алба, на забавата во модели од колекцијата блеснаа Амбер Валета, Емили Ратајковски, Џејми Чанг, Џоан Смолс, Никол Ричи и уште многу други девојки и момци чии стајлинзи можете да ги погледнете во галеријата.

Објавено:
26 февруари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
892 пати