Кога Џенифер Лопез го носи најпопуларното модно парче на сезоната...

1 октомври 2020

Џенифер Лопез периодов направи бум со новата музичка соработка со Малума и промоцијата на двата видео записи споени во еден краток филм за „Pa Ti" и „Lonely". За неколку дена веќе имаат над 14 милиони прегледи на Јутjуб, што е одличен маркетинг како најава и за нивниот заеднички филм „Омажи се за мене" каде ќе глумат заедно со Овен Вилсон, а премиерата е закажана за февруари.

Со оглед на сето тоа, Џеј Ло сега го засилува своето присуство во медиумите.

Вчера на нејзиниот Инстаграм профил објави две провокативни фотографии во парчето што важи за моден хит секоја есен – класичниот мантил. Но, кога го носи Џеј Ло ништо не е стандардно, па така и елегантниот мантил што таа го облече на голо тело и го комбинираше со високи потпетици.

Секако тоа не помина незабележано кај јавноста и медиумите...

 

Објавено:
1 октомври 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.291 пати