Кога Џорџија Меј Џегер е кралица, а наместо круна носи очила

12 септември 2014

Прекрасната манекенка Џорџија Меј Џегер царува во новата кампања на Sunglass Hut за есенската линија очила за сонце.

Во кампањата насловена „Modern Royalty“ ќерката на култниот музичар Мик Џегер е заштитно лице во улога на кралица во современата варијанта на богато кралство каде акценотт е ставен на еден моќен аксесоар како што се очилата за сонце.

Иако очилата за сонце се најактуелни во лето кога имаме повеќе сончеви денови, сепак и тоа како се значајни и во есенските и зимски денови не само како моден, туку и практичен додаток.

Дизајнот на новата линија на очила потпишани од Sunglass Hut е инспириран токму од кралската круна како синоним за моќ и престиж и токму тоа е појдовната поента за темата на едиторијалот кој е фотографиран во Лос Анџелес.

 

 

Објавено:
12 септември 2014
Категорија: 
Сцена