Веќе знаеме дека Киану Ривс е еден од омилените актери во Холивуд, познат по неговата скромност и тажна животна приказна.

Зад себе има огромен број познати филмови, што му донесоа светска слава и огромно богатство од кое често донира во хуманитарни цели.

Илустраторот Кристал Ро од Лос Анџелес направи еден интересен проект поврзан со актерот, а во истиот можеме да видиме како би изгледало кога Киану би ги глумел познатите принцови од анимираните филмови.

На фотографиите, графичкиот дизајнер и илустратор го вметна ликот на Киану во некои од најпознатите сцени од цртаните филмови со нашите омилени принцези.

Во галеријата погледнете како би изгледало кога шармантниот Киану би ги толкувал ликовите на Џон Смит, принцот на Пепелашка, Аладин...

Инфо и фото: Bored Panda

Објавено:
25 јуни 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.913 пати