Кога ќе им дозволиш на ќерките да те шминкаат...

18 мај 2020

Не е секогаш лесно да се задржи вниманието на децата, а во изолација тоа е посебен предизвик. За тоа сведочи и Ева Мендез.

Убавата 46-годишна актерка на својот Инстаграм профил објави фотографија од тоа како изгледа кога ќе им дозволиш на ќерките да те нашминкаат.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Eva Mendes (@evamendes) onMay 16, 2020 at 1:55pm PDT

„Тие победија“, е реченицата под фотографијата.

Но, ова не е првпат. Кон почетокот на месецот таа објави слична фотографија под која напиша: „Ја изгубив контролата што некогаш ја имав“...

 

Инаку, Мендез е веќе девет години во брак со актерот Рајан Гослинг, со кого имаат две ќерки, Есмералда (6) и Аманда (4).

Сте имале ли слични искуства како нејзиното? :)

 

Објавено:
18 мај 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
308 пати
Тагови: 
Ева Мендез