Кога пластичните операции ќе тргнат на лошо...

12 март 2014

Наместо да го постигнат саканиот ефект и да изгледаат помлади и поубави, голем број од познатите холивудски ѕвезди по пластичните операции изгледаат многу полошо од претходно. Во одредени ситуации, таквите зафати предизвикуваат и низа здравствени проблеми кај некои од нив, па многу е тешко да се вратат во нормала. Токму такви неуспешни зафати им се случија на некои од најпознатите холивудски личности за кои очајно посакуваме да не донеле таква одлука!

Мелани Грифит

Сосема е во ред да сакате полни усни, но кога ќе се претера со нивното „полнење“, тоа може да изгледа многу неприродно и невкусно. Од сите операции, кожата на лицето на прекрасната Мелани Грифит изгледа тотално уништена и неприродна. Пред две години, нејзиниот сопруг Антониот Бандерас и постави услов – уште една операција и следи развод! Се надеваме дека ќе го послуша.

Тори Спелинг

Тори Спелинг е вистински пример за тоа како со пластичните операции може да си го загрозите здравјето. Таа вгради силикони во градите со што си предизвика неверојатни болки и деформација поради што таа подоцна и ги тужеше хирурзите, но сето тоа веќе беше залудно. Како што во неколку наврати пишуваа светските медиуми, таа не се откажала од пластичните операции, па направила уште неколку на градите.

Мег Рајан

Во потрага по вечна убавина и младост и шармантната Мелани Грифит „падна“ во рацете на пластичните хирурзи и тоа повеќепати. Таа ги зголеми усните, а веднаш потоа вгради и силикони во образите. Многумина нејзиниот изглед го споредуваа со лик од цртан филм како и со Џокер – непријателот на Бетмен.

Тара Рид

Желбата за совршенство се чини во Холивуд никогаш не мирува. Токму по тоа трагаше и убавата Тара Рид, па направи неколку пластични операции на градите и стомакот, за кои многумина сметаа дека воопшто не и се потребни.

Донатела Версаче

Од 90 – тите години па сѐ до денес, Донатела Версаче има направено бројни пластични операции. Таа дефинитивно стана рекордер по посетите на пластичните хирурзи во Холивуд, а како пример за тоа служат и нејзините преголеми усни што е тешко да не се забележат. Најстрашното од сѐ е фактот што и нејзината млада ќерка тргна по истите стапки!

Мики Рурк

Некогаш прекрасниот и згоден актер кого го посакуваа многу жени, се обиде младоста да ја зачува со помош на пластичните операции. За жал, тој го постигна спротивниот ефект – тотално го уништи својот изглед!

Жозелин Вајлдстајн

Таа е пример за неумереност во секој поглед! Огромниот број на пластични операции направи Жозелин да изгледа тотално неприродно на секој дел од нејзиното лице, бидејќи нема каде не направила пластична операција.

Објавено:
12 март 2014
Категорија: 
Сцена