Кога Рајан Рејнолдс ѝ ја бојадисува косата на Блејк Лајвли...

15 февруари 2021

Актерите Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се еден од омилените парови во Холивуд. Освојуваат со нивната природност, а воедно и често шеговитите објави што ги имаат меѓусебе.

Сите се сеќаваат на роденденската честитка на Рејнолдс кон својата сакана, со нејзините најкатастрофални фотографии.

Овие родители на три деца, не кријат дека нивното секојдневие е хаотично, во што велат се исти како и остатокот од светот.

Но, со оглед дека се милионери и светски познати личности, малкумина би очекувале да видат дека актерката ја бојадисува својата коса во домашни услови.

Уште помалку дека во тоа ѝ помага сопругот и тоа мошне успешно.

Е токму такво е и последното видео кое Лајвли го сподели на својот инстаграм профил.

Повеќе од четири милиони лајкови доби двојката за ова споделување на дел од нивното секојдневие и тоа за неполни 24 часа, а Рајан стотици коментари на поддршка и пофалба за вештината.

Повеќе ништо не би објаснувале, ќе ве оставиме да го погледнете видеото:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Blake Lively (@blakelively)

 

Објавено:
15 февруари 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
985 пати