Кога Вил Смит и Џејсон Деруло играат голф...

12 август 2020

... Вил Смит останува без предните заби.

Џејсон Деруло го нарекуваат уште и кралот на „Тик Ток“. Го следат преку 31 милион луѓе, а тој пак секојдневно ги чести со хумористични видеа, што се покажа и дека им е потребно во ова време кога сè околу нас е премногу сериозно.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Will Smith (@willsmith) onAug 9, 2020 at 10:26pm PDT

 

Во видеата на пејачот често гостуваат и други познати личности, а во едно од последните се појавува Вил Смит.

Актерот сакаше да го научи музичарот како да игра голф, но лекцијата не одеше според очекуваното. Деруло замавна со палката, уште пред Смит да успее да му каже дека не треба толку силно, а веќе следниот кадар беше новиот изглед на актерот, без предните заби.

@jasonderulo

I don’t like this game @willsmith

Rags2Riches (feat. ATR Son Son) - Rod Wave


И да, веруваме дека си помисливте дека сè е наместено, двајцата тврдат дека не е и дека Вил Смит навистина останал без предните заби. Пејачот вчера објави ново видео во кое се гледа сметката која актерот и неговиот забар му ја испратиле и која изнесува преку 40.000 долари.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jason Derulo (@jasonderulo) onAug 11, 2020 at 2:07pm PDT

Дали е забава или не, но ова е едно од најозборуваните видеа деновиве:

 

Објавено:
12 август 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
976 пати