Роберт Дауни Џуниор
Магазинот Форбс ја објави долгоочекуваната листа на најплатени машки актери за изминатата година. Предводник на листата е актерот Роберт Дауни Џуниор со заработувачка од 75 милиони долари. Првото место на најпопуларната листа и високата заработувачка Дауни ја оствари благодарение на блокбастерот „Iron Man“(Железниот човек), каде ја игра главната улога.
Двејн Џонсон
Втората шампионска позиција му припадна на Двејн Џонсон кој оствари заработувачка од 52 милиони долари. Големата тројка ја заокружува, шармантниот актер Бредли Купер, кој третото место го зацрврсти со заработувачка од 46 милиони долари, благодарение на учеството во филмовите „Американски лажливци“ и „Мамурлук“.
Леонардо Ди Каприо
Актерот кој секоја година се надева дека ќе се закити со престижниот Оскар, Леонардо Ди Каприо се најде на четвртото место со заработувачка од 39 милиони долари, а веднаш после него на петтата позиција е згодниот Крис Хемсфорт со заработувачка од 37 милиони долари.
Лиам Нисон
На шестата позиција е Лиам Нисон со заработувачка од 36 милиони долари. На седмото место, односното осмото место се најдоа Бен Афлек и Кристијан Бејл со заработувачка од 35 милиони долари, а на деветтото и десетото место се Вил Смит и Марк Валберг со годишен приход од 32 милиони долари.
Марк Валберг
Убави бројки, што сигурно ќе ја разбудат во вас желбата барем на еден ден да се најдете на местото на светските холивудски ѕвезди.