Кои се тајните трикови на манекенките?

28 февруари 2014

Оние добро упатените во светот на модата што најчесто работат со манекенките зад сцена знаат да кажат дека во метежот и вревата од  бекстејџ може да се видат и научат многу забавни, но и неочекувани совети и трикови од моделите, за кои тие велат дека се применуваат за време на „вонредна“  состојба. Манекенките на писта многу често треба да  носат „луди“ чевли кои обично не се вклопуваат како оние со реална височина и форма.

За да се осигура безбедното чекорење по писта и да се избегне моментот на превиткување на глуждот и лизгање, на дното од  потпетиците и обувките тие  прилепуваат намокрена хартија која кога се суши станува леплива на писта и на наекој начин ги заштитува од несакани последици. Уште еден трик кој го применуваат, а дизајнерите многу ги иритира, е тоа што со клуч или нож  ги гребат чевлите одоздола за да се создаде рапава површина. Но, што се случува кога обувките се поголеми? Манекенките никогаш не остануваат на случајности и затоа не изледуваат во работен ангажман без да понесат со себе влошки за чевли, зашто никогаш не е предвидено во каков хаос може да се најдат пред да излезат на писта.

„Слободниот“ желудник пред да започне модното шоу, исто така спаѓа во едни од најважните моменти за моделите. Тие често треба да се разголат или да покажат повеќе кожа од просечната жена. За стомакот да им биде рамен тие консумираат сушена папаја која меѓу нив е многу популарна за рамен стомак и ја нарекуваат „плод на ангелите“.

Папајата содржи состојки што го спречуваат задржувањето на водата во организмот и надуеноста. Но, што се случува доколку им се појави мозолче утрото кога после спиење ќе се погледнат во огледало. Верувајте и за овој проблем тие имаат трик. Аспиринот го толчат за да стане во прав, а потоа го мешаат со паста за заби и истото го аплицираат на акната. Според нив, ова и помага на кожата.

Токму овие трикови им помагаат да ја зголемат самодовербата на писта и да изгледаат совршено, без да им се случи ненадејна  случка од која ќе се посрамотат.

Објавено:
28 февруари 2014
Категорија: 
Сцена