Кои се жените на годината според Гламур?

16 ноември 2016

Магазинот Гламур традиционално по 27 пат ги додели престижните награди Жени на годината, а манифестацијата за прв пат се одржа во Лос Анџелес наместо во Њујорк.

Исто така за прв пат магазинот додели и награда Маж на годината која му припадна на Боно Вокс, покрај стандардните награди за најимпресивните жени на годината во различни општествени сфери: политика, спорт, мода, филм...

Како највпечатлива на црвениот килим, вечерта се издвои Гвен Стефани која носеше маркантна тоалета од Маркеза, а благодарение на нејзината богата кариера и секогаш влијателен и впечатлив изглед, беше прогласена за Икона на годината.

Помеѓу наградените оваа година беа и: Миуча Прада, за нејзината модна сила, Зендаја како Глас на девојките, Ешли Грам, Надиа Мурад, Кристин Лагард и други.

 

Објавено:
16 ноември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
675 пати