Кои славни влегоа во Гинисовата книга на рекорди за 2015 година?

6 септември 2014

Гинисовата книга на рекорди објави кои познати ги соборија рекордите. Профили од музика, филм, телевизија, па до социјални мрежи веќе се дел од историјата.

„Игра на тронови“  засега е најпиратизирана серија. Овој филм илегално е симнат повеќе од 5,9 милиони пати.

-Последната епизода од серијалот е „симната“ милион пати, изјавува Стијарт Клакстон од Гинисовата книга.

Момците од бендот „One Direction“ имаат чест да бидат првиот деби бенд кој беше број еден на топ листите со сите три албуми.

Мајли Сајрус е „најгуглана“ поп ѕвезда на интернет, додека Шакира е првата личност што има милион лајкови на Фејсбук.

Фотографија на Вин Дизел од Фејсбук со покојниот Пол Вокер има најмногу допаѓања. Вкупно 6,8 милиони.

Американскиот метал бенд Металика се најде на јубилејното издание од Гинис за 2015 година. Бендот влезе како најактивен со настапи на сите континенти од земјената топка.

 

 

Објавено:
6 септември 2014
Категорија: 
Сцена