Кој е новото момче на Ријана?

29 јуни 2017

Ова беше најпопуларното прашање изминативе 24 часа во светскиот шоу-биз свет. Ријана во моментов одмора во Шпанија, а таму е забележана во присуство на атрактивен маж, но никој веднаш не можеше да каже за кого се работи.

Секако, не за долго. „Пипл“, „Сан“, „Ти-Ем-Зи“ се меѓу првите медиуми што открија дека новото момче на ар-ен-би ѕвездата е Хасан Џамил, бизнисмен од Саудиска Арабија.

фото извор: dailymail.com

Инаку, тој ги поседува правата за продажба на „Тојота“ во Саудиска Арабија и неколку други држави од Средниот Исток.

Постојат разни верзии за тоа каде и како двојката се запознала. Некои велат дека тие се забавуваат од неодамна, а некои ќе кажат дека се работи за период од шест месеци. Една од верзиите за тоа каде се запознале е пат во Малдиви, друга е во Јапонија, а трета на новогодишната ноќ.

фото извор: dailymail.com

Неименуван извор, а пријател на двојката, за британскиот „Сан“ вели дека се забавуваат од јануари месец и дека не се работи за минлива привлечност. Досега се криеле од очите на јавноста, а семејството на Хасан посебно внимава на приватноста. Тие имаат имот и во Британија, каде Ријана често доаѓа за да се видат.

Сепак, никој не знае што е правата вистина, па изгледа дека двојката сепак успеала добро да се сокрие.

Последните фотографии од двојката се од нивниот престој на Ибица.

Еве што друго дознаа светските медиуми за мистериозното момче:

фото извор: dailymail.com

-Џамил има 29 години  и е заменик директор на семејната компанија „Abdul Larif Jameel Co.“ и која еден ден тој ќе ја наследи. Инаку, на листата на „Форбс“ на најбогатите Арапи во светот, семејството Џамил е рангирано на 12-тото место, чие богатство се проценува на 1.5 милијарди долари.

-Младиот Хасан е и заменик претседател и заменик директор и на „Abdul Latif Jameel Domestic“. Таа е основата уште во 1955 година од страна на неговиот дедо Абдул Латиф Џамил, кој ги добива ексклузивните права да продава возила на „Тојота“ во Саудиска Арабија, бренд кој во тоа време и не е многу познат во овој дел од светот.

фото извор: elle.com/COURTESY OF ALJ.COM

-Во 2013 го прифаќа предизвикот од „Гинисовата книга на рекорди“ да организира најголема парада на „Тојота“ автомобили, но како пренесуваат светските медиуми, тоа сè уште не се случило.

-Семејството Џамил поиседува фудбалска лига во Саудиска Арабија наречена „Џамил лига“, секако и фудбалски клуб.

фото извор: dailymail.com

-Се шпекулира дека пред Ријана, Хасан се забавувал со Наоми Кембел. Во јули минатата година се забележани на Британскиот летен фестивал, а неколку месеци подоцна, и Наоми и Ријана ја употребиле опцијата „unfollow“ на Инстаграм.

-Се занимава со хуманитарна работа и е претседател на уште една семејна компанија „Community Jameel“, каде инвестира во обуки, работни места и бизнис цели за заедници, со цел тие да се трансформираат и подобрат.

фото извор: dailymail.com

фото извор: dailymail.com

Објавено:
29 јуни 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.815 пати