Кој е вашиот омилен стајлинг од новите спотови на Бијонсе?

18 декември 2013

Светската поп дива Бијонсе го докажа нејзиниот ненадминлив музички статус на пејачка број 1 во светот, со тоа што буквално преку ноќ извади цел нов албум и музички запис за секоја од новите песни.

Доколку досега веќе ги изгледавте видео записите, најверојатно се воодушевивте и на нејзините стајлинзи во секој спот поединечно. Поп дивата уште еднаш покажа колкава музичка ѕвезда е, но и колку е неверојатен нејзиниот вкус за мода и дизајнерски парчиња.

Во продолжение погледнете некои од најдобрите стајлинзи направени специјално за Бијонсе од некои од најпризнатите светски дизајнери.

Версаче

Модерното палто со животински принт што Бијонсе го носеше во видео записот за песната Blow според многумина е најдоброто парче. Во комбинација со секси хеланките од ДКНИ и беспрекорната фризура и шминка, таа изгледа неодоливо!

Сен Лоран и Улијана Сергеенко

Во Haunted Бијонсе изгледаше ултра секси во црното сако и белата кошула од Улијана Сергеенко. Во истото видео таа носи и елегантен црн костим од Сен Лоран во кој изгледа подобро од кога и да е.

Филип Лим

Можеби Yoncé е омилениот спот на многумина, бидејќи во него се појавуваат некои од најзгодните црни девојки во секси стајлинзи како Џордан Дан, Џоан Смолс и Шанел Иман. Бијонсе е можеби најсекси од сите во црната кожена јакна со леопард ракави на одличниот дизајнер Филип Лим.

Долче и Габана

Бијонсе е последна во низата познати дами што се заљубија во зимската колекција на Долче и Габана за 2013. Таа во спотот за песната Heaven e романтична дама од Париз во деликатниот црн фустан во комбинација со волуменозен шешир.

Александар Ванг

За нејзиниот супер кул спот XO каде таа се вози на ролеркостери и лудо се забавува, пејачката одбра едноставни парчиња од колекцијата на Александар Ванг. Во тесни фармерки што и стојат беспрекорно и сосема обична бела маичка со масивен накит, таа изгледа посески од кога и да е во видеото режирано од Тери Ричардсон.

Норма Камали

Во видеото Pretty Hurts каде прекрасната пејачка е неодолива ретро кралица, таа одбра куси тесни панталончиња и куса блузичка на долги ракави од Норма Камали. Во истото видео, таа е вистинска ретро убавица во жолтиот костим за капење.

We are handsome..

Во Pretty Hurts, Бијонсе носи интересни хеланки со принт во комбинација со боди од ликра со летни мотиви од шармантните We are handsome.

Bling и Bordello

Queen B во новите спотови ни прикажа и ултра модерен накит. Па така, во Yoncé, таа носи модерни и шик златни и дијамантски прстени и секси „исечен“ фустан од Bordello.

Soft Paris

Во спотот за песната Jealous, Бијонсе изгледа ултра секси и нежно истовремено во прекрасниот романтичен корсет од линијата на Soft Paris.

Која од овие комбинации на Queen B ви остави најголем впечаток?

Објавено:
18 декември 2013
Категорија: 
Сцена