Престижниот моден магазин Вог, традиционално крајот на годината го користи за сумирање на впечатоците од истата и ја објавува својата листа на најдобро облечени.
По многу нешта посебна, па и од моден апсект, 2021 година беше микс од емоции и расположенија, а сето тоа се одрази и на начинот на комуникација вклучително и преку изборот на модни парчиња.
Сепак, за разлика од 2020, оваа година беше поактивна на црвениот килим, па голем дел од селекцијата на најдобро облечени жени за 2021, Вог ја направи земајќи ги предвид и нивните појавувања на јавни настани кои годинава значеа делумно враќање кон „нормалното".
Во своето објаснување за годинешниот избор, од Вог велат:
-И покрај неизвесните времиња, Зендаја успеа да доминира со својот изглед, Лејди Гага го редефинираше стилот на стариот Холивуд со нејзините стриптизерски чизми, додека Анџелина Џоли стана винтиџ инфлуенсер. Еве ги 12-те ѕвезди кои ни ги направија деновите поубави со навистина добра мода.
Лејди Гага
Ријана
Џордан Дан
Зое Кравиц
Никола Кофлан
Кејт Мос
Зендаја
Изабел Ипер
Анџелина Џоли
Гема Чан
Синтија Ериво
Дуа Липа