Кој стои зад блескавите комбинации на светските ѕвезди?

13 март 2014

Да зборуваме малку за моќните двојки во Холивуд! Но, не за оние љубовните, туку за ѕвездите и нивните стилисти. Холивуд Репортер направи цел прилог за најдобрите стилисти во Холивуд и ѕвездите на кои тие им го посветуваат целото свое внимание.

Во изданието на магазинот посветено на стилистите, на насловната страна се најде прекрасната холивудска миленичка Лупита Нјонго и англиската актерка Мишел Докери заедно со нивната неверојатна стилистка Микаела Ерлангер.

Покрај овие прекрасни дами, во магазинот се најдоа и Кристен Стјуарт, Ел и Дакота Фенинг, Робин Рајт, Маргот Роби, Елизабет Мос и Роуз Брн.

На луксузна и гламурозна забава на магазинот Холивуд Репортер и Џими Чу, се појавија сите ѕвезди и нивните стилисти кои блеснаа во беспрекорни изданија и уште еднаш ги оправдаа нивните долгогодишни и плодни соработки.

Кристен Стјуарт и Тара Свенен

Дакота и Ел Фенинг и нивната стилистка Саманта Мекмилен

Кемал Харис и Робин Рајт

Карла Велш и Елизабет Мос

Роуз Брн и Пени Ловел

Кристина Ерлих и Маргот Роби

Лупита Нјонго, Микаела Ерлангер и Мишел Докери

Во продолжение погледнете ги и фотографиите од забавата каде беа доделени наградите на стилистите.

Објавено:
13 март 2014
Категорија: 
Сцена