Која е тајната на најдобро облечената жена на светот?

11 август 2015

Речиси сите се изненадија од изборот на магазинот Vanity Fair, кога е листата на најдобро облечени во прашање. Меѓу жените, првото место го освои сопругата на британскиот премиер Саманта Камерун, која зад себе ги остави Амал Клуни и Ема Вотсон.

Токму затоа, изминатиов викенд сите очи беа вперени во госпоѓата Камерун, која со својот сопруг беше на викенд во Португалија.

Медиумите ја фотографираа во лелеаво здолниште со принт и маица на прерамки. Здолништето е парче кое Саманта веќе го носела и тоа во 2008 година.

-Таа знае какви кроеви најдобро ѝ прилегаат и строго се држи до нив. Ова цветно здолниште е очигледно едно од омилените постари – вели стилистот Кристин Хејл.

Модните познавачи велат дека 44-годишната Камерун следи одредена формула, од чевли до модни додатоци.

Во продолжение Сара Рајнеј ги открива седумте стилски тајни на сопругата на британскиот премиер.

  • Принт

Некои пригоди, како на пример свадба или Лондонска модна недела, бараат малку „копање“ низ облеката. Но, модната формула на Саманта има правило дури и за најекстравагантните пригоди – принт. Таа знае како боите и текстурите влијаат на обликот на нејзиното тело.

  • Впечатливи ѓердани

Големите и впечатливи ѓердани се речиси задолжителен моден додаток во стилот на Саманта, особено кога носи едноставен горен дел или фустан. Таа има издолжено лице, па големите ѓердани го свртуваат вниманието од него и го фрлаат фокусот врз комбинацијата. Светлите кошули и блузи се добри за деловна облека, но за други пригоди им треба разигрување. А ѓерданот овозможува да можете да ги носите во повеќе пригоди, што е одлично за една деловна и зафатена жена.

  • „Затворени“ парчиња

Саманта секогаш одбира висок и затворен отвор на парчињата што ги носи. Тоа на некој начин ги заокружува нејзиното издолжено лице и нос и е многу подобро за неа отколку да речеме V-изразот. Исто така, пониско деколте со било каков отвор нема да ѝ направи услуга, бидејќи има широки раменици. Затоа таа постојано оди на сигурни варијанти. Кога се свечените тоалети во прашање, често одбира ремен и висок струк. Со оглед на тоа дека е со прилично рамна градба, не би и стоеле парчиња што се ниско сечени. Затоа ременот оние со висок струк, се одличен избор за неа.

  • Панталони до глужд

Госпоѓата Камерун е наклонета кон покажување на глуждовите, па не изненадува што речиси сите панталони што ги носи се со должина до глужд. Тоа пак е одлично решение за оние што имаат долги нозе, а воедно е добро за да дојдат до израз и обувките.

  • Хоризонтални риги

Иако многумина ги избегнуваат, бидејќи визуелно шират, на Саманта ѝ прават услуга. Со оглед на тоа дека е слаба, хоризонталните риги ѝ ја даваат потребната ширина, но не премногу. Таа секогаш комбинира вакво парче со здолниште до колена и неутрални чевли.

  • Обувки во боја

Кога жена што има многу црна, сива и сина облека како што има Саманта, задолжително има потреба од боја во нејзините модни комбинации. Таа тоа знае да го реши преку обувките. Чевлите во боја внесуваат младост и разиграност во изгледот. Госпоѓата Камерун има добри листови и глуждови, па не стравува да го насочи вниманието кон тој дел од телото. За некој на нејзина висина (околу 175 см) чевлите со висока потпетица не се толку потреба, колку што се удоволување на вкусот.

  • Ремен

Саманта има тенок струк и не е за изненадување што ги сака ремените, бидејќи така уште повеќе го истакнува овој дел од телото. Исто така, бидејќи нема изразени облини, ременот создава визуелна илузија дека сепак ги има. Нејзината колекција ремени е богата, почнувајќи од оние од high street брендови од 40 евра, па сè до дизајнерски што чинат и над 300 евра.

 

Објавено:
11 август 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.685 пати