Коко Роша е театрална и драматична во фото-приказна за магазинот Flare

1 октомври 2014

Еден од најактуелните канадски модели, Коко Роша е главна хероина на насловната страна на ноемврискиот број на магазинот Flare.

Преку фасцинантна фото-приказна, преубавата манекенка позира во амбиент на луксузен хотел облечена во театрални-футуристички костуми кои доловуваат дополнителна уметничка нота во приказот на модниот едиторијал.

Во интервјуто за магазинот, Роша зборува за нејзината доследност кон самата себе и кон нејзините цврсти принципи во однос на кариерата. Меѓу другото се отвора и прашањето за голотијата во модната индустрија и немањето право на избор, особено кога на манекенките им е наметнато како професионална обврска да се сликаат голи.

„За разлика од познатите личности, од моделите секогаш се очекува да прифатат да се сликаат голи како професионална обврска, без право на избор. Зошто би требало да се откажам од моите лични права врз моето тело? Сакам да знам дека, мојата кариера е доказ дека можеш да останеш доследен до себе, а сепак да успееш во оваа индустрија“ вели во интервјуто познатата манекенка.

 

 

Објавено:
1 октомври 2014
Категорија: 
Сцена