Колкаво осигурување имаат славните на делови од телото што им донесоа слава?

26 јануари 2014

Голем број познати личности зависат од својот физички изглед, кој во некои од случаите е пресуден за нивниот успех, а загубата на истиот за нив би претставувала катастрофа. Затоа имаат план Б, односно дебело осигурување на делови од телото на кои им ја должат славата. Британската пејачка легенда Том Џонс ги осигура влакната на градите на седум милиони евра. Оваа олд скул „секс бомба“ својата сензуалност ја заснова на природната одлика за еден маж, а за да се заштити од било каква незгода тој „игра“ со сигурни карти.

Американскиот рагби играч Трој Поламал ја осигура својата долга кадрава коса по која е препознатлив на милион долари.

Џин Симонс, басистот на бендот Кис, го осигура својот јазик исто кака на милион долари. Музичарот  себе се доживува како отелотворение на демон кој плука оган и крв, па јазикот долг 17 сантиметри е сржта од неговиот имиџ.

Кит Ричардс, гитаристот на Ролинг Стоунс го осигура својот „магичен“ среден прст на 1,6 милиони долари. Додека Кит ја потпишувал полисата морал да се обврзи дека ќе се придржува до строга хигиена на рацете и дека ќе избегнува активности од кои може да дојде до повреда на прстот.

Американскиот актер и рокер, Дејвид Ли Рот го осигура својот полов орган на еден милион долари, потенцирајќи дека токму тој орган му служи исто како и прстите на гитаристите.

Актерката Америка Ферара (Грдата Бети) ја осигура својата насмевка на 10 милиони долари, додека нејзината позната колешка Џулија Робертс исто така ја осигура насмевката дури на 30 милиони.

Кралицата на кантри музиката, Доли Партон за осигурување на своите гради има платено 3,8 милиони долари, а задникот на Џенифер Лопез е вреден 27 милиони долари.

Најголемиот број од ѕвездите ги имаат осигурано нозете а меѓу нив се: Кристијано Роналдо(103 милиони евра), Хајди Клум (2,2 милиони евра), Тина Тарнер (3,2 милиони евра) и апсолутна рекордерка е пејачката Мараја Кери која своите долни екстремитети ги осигура на неверојатни 695 милиони евра.

Објавено:
26 јануари 2014
Категорија: 
Сцена