Колку e кул овој аутфит на Сара Џесика Паркер?

20 ноември 2020

Иконата на стилот и ѕвездата на „Сексот и градот", актерката Сара Џесика Паркер стана препознатлива со тоа што секогаш бара начин преку својот имиџ да излезе надвор од комфорната зона, а со тоа да ги охрабри и другите жени да експериментираат со стилот и да се забавуваат во модна смисла.

Уште еден таков пример ни покажа деновиве.

Getty images

Беше фотографирана во Њујорк, во забавно и колоритно издание што не можете да го игнорирате.

Акцентот на целата комбинација е еклектичниот капут од бразилскиот бренд „Farm Rio" со егзотични и топли мотиви во интензивни бои.

Секако, деталите имаат своја значајна функција и во овој случај, па Паркер се одлучи за високи потпетици во јака розова боја што одговара и на бојата на заштитната маска за лице, а во посуптилна розова со металик сјај е и малата плико чанта, што актерката одлучи да ја носи преку рамо.

Вака би изгледала Кери Бредшо денес, се сложувате?

Објавено:
20 ноември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.106 пати