Колоритен Дизни едиторијал за априлското издание на јапонски Вог
•
27 февруари 2014
Прекрасната Џорџија Меј Џегер е главниот лик во дизниевата модна приказна на италијанскиот фотограф Џамполо Скура за априлското издание на јапонскиот Вог.
Покрај неа, во едиторијалот за магазинот се појавува и прекрасната манекенка Чинара која одлично се вклопува во колоритната приказна.
Како што и претпоставивте, едиторијалот бил сниман во Дизниленд како совршено место одбрано од модната уредничка што обожава бои – Ана Дело Русо.
Името на едиторијалот е A Playful Sense Of Wonder, фотографиран од Џамполо Скура со стајлинг се разбира, на Ана Дело Русо.